Реал Мадрид е веќе 222 дена без триото „Би-Би-Си“

Екипата на Реал Мадрид брои 222 дена откако напаѓачкото трио Бензема – Бејл – Роналдо (популарните „Би-Би-Си“) за последен пат заедно настапи на официјален меч. „Ел класико“ дербито одиграно на 23. април, на кое Реал во последните секунди доживеа пораз од 2-3 на „Сантијаго Бернабеу“ со голот на Меси, беше последниот натпревар на кој овие тројца фудбалери заедно го започнаа натрепреварот. Но, и на тој меч „дружбата“ не траеше долго, Бејл мораше да го напушти теренот во 38. минута поради повреда, додека Бензема му отстапи место на Хамес Родридез во 82. минута од мечот.

Од тој пораз од Барселона, Реал Мадрид одигра 32 натпревари без застрашувачкото трио, а веќе утрешната средба против Атлетик Билбао ќе биде 33. во низа како Зидан не може да излезе на терен со најсилниот состав, односно најдобрата напаѓачка комбинација. Оваа низа ќе беше прекината доколку Бејл не ја обновеше повредата на бутниот мускул пред неколку дена на натпреварот против Фуенлабрада во рамките од Купот на Шпанија.

Според планот на Зидан, Велшанецот требаше да се придружи на Роналдо и Бензема на утрешното гостување на „Сан Мамеш“, но сега ќе мора да паузира дополнително за целосно да закрепне од повредата.

Се вчитува...