Реал Сосиедад спасуваше бод против „фенерџијата“

Реал Сосиедад продолжи со променливите игри во Примера дивизион, откако ривалот на Вардар од Лигата на Европа денеска неочекувано ремизираше 2-2 на домашен терен против Лас Палмас.

Баскијците против себе го имаа најслабиот тим во лигата, кој имаше осум порази во претходните осум кола, но не успеаја да стигнат до цел плен. По раното водство на гостите Реал Сосиедад го сврте резултатот во своја полза, потоа на 2-2 израмни Виера, а домашниот тим може да биде и среќен од конечниот исход ако се знае дека гостите во последните две минути имаа два зицери преку Реми, првиот заврши во дирекот, вториот фантастично го одбани Рули, со што домашниот голман се извади за грешката со која му помогна на гостинскиот тим да го постигне својот втор гол.

Се вчитува...