Роби Кин со емотивно писмо означи крај на фудбалската кариера

Легендарниот напаѓач на Ирска, Роби Кин, кој во неделата доби помошничко место во тренерскиот тим на репрезентацијата на неговата држава, и со емотивно писмо го означи официјалниот крај на фудбалската кариера. Во последната сезона тој беше дел од индискиот АТК, а претходно играше за Лос Анџелес галакси.

„По 23. години денеска официјално ја завршувам фудбалската кариера. Од Крамлин Јунајтед низ целиот свет преку Милано, Лондон и Лос Анџелес. Не можев ниту да замислам по каков пат ќе тргне мојот фудбалски живот. Ги надминав сите очекувања што може да ги има едно момче од Даблин полудено по фудбал“ – напиша Кин.

Во текот на кариерата, Роби Кин беше дел од Тотенхем, Ливерпул. Интер, Селтик, Вест хем. За ирската репрезентација одигра 146 натпревари во периодот од 1998 до 2008 година и постигна рекордни 68 голови.

 

Се вчитува...