Најдобриот македонски фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев, од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден за главен судија во второто коло во Лигата на нации меѓу репрезентациите на Финска и Република Ирска во рамките на групата Б-2. Мечот ќе се игра на 10 октомври во Хелсинки.
На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Игор Стојчевски. ВАР судии ќе бидат од Хрватска. И двете репрезентации во првите две кола немаат победа. Финска во гости загуби од Грција со 3-0 и од Англија со 2-0, додека Република Ирска на свој терен беше поразена од Англија и од Грција со по 2-0.
Јован Качевски, пак, ќе суди повторно по онаа „картонијада“ во Луксембург. Тој ќе биде главен судија на мечот меѓу репрезентациите на Фарски Острови и Португалија, играчи до 21 година во квалификациите за Европското првенство. Ќе му помагаат Слаѓан Марковски и Бранко Путилин, четврти судија ќе биде Ива Пројковска. Натпреварот се игра на 11 октомври.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА