Силекс на победа против Шкендија Арачиново

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачаиново, денеска од 14 часот во Кратово, се отвора 11.коло од Првата македонска фудбалска лига.

По триумфот во претходното коло на гостувањето против Башкими, составот на Александар Васоски сега посакува нов триумф како би се фатил приклучок со водечките на табелата.

Шкендија Арачиново, пак, загуби од Струга ТЛ на домашен терен, па неизбежна е желбата за бодови од денешниот натпревар.

Останатите натпревари од 11. коло во ПМФЛ се играат престојниов викенд. Дербито меѓу тетовска Шкендија и Вардар се игра утре во Гостивар, со почеток од 14 часот.

Се вчитува...