Јокиќ потфрли на отворањето на сезоната, Денвер лесно падна… (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени од Оклахома со 96-84 во првото коло од НБА лигата.

Никола Јокиќ немаше своја шутерска вечер, бидејќи го заврши натпреварот со 13 поени, со многу слаб процент на шут од поле.

Српскиот центар помина 35 минути на теренот, за кои забележа седум скока и пет асистенции, заедно со две изгубени топки. Јокиќ шутираше само 5/19 од поле.

Денвер водеше во добар дел од првото полувреме, но Оклахома го изгради пресвртот благодарение на прецизните шутеви од далечина, а Шеј Гилџус-Александар и Алекс Карузо беа меѓу најзаслужните.

Џејлен Вилијамс беше најефикасен на натпреварот со 21 поен и пет скока, додека Шеј Гилџус-Александар додаде 17 поениво победничкиот тим.

Во тимот на Денвер, Арон Гордон имаше 20 поени и шест скока, а по 13 поени постигнаа Јокиќ и Демар Дерозен.

Се вчитува...