Тројката на Пајола за „црно-бела“ ерупција во „Арена“ (ВИДЕО)

Првата пресметка меѓу Партизан и Црвена звезда заврши со драматична победа од 85:82 на „црно-белите“ и тоа по продолжението од пет минути.

Вообичаено за дуелите меѓу вечните ривали, натпреварот беше исполнет со големи пресврти, Партизан прокоцка предност од дури 18 поени, Црвена звезда имаше напад за победа, но херој на “црно-белите“ е Алесандро Пајола, кој на 17 секунди до крајот на продолжението, погоди тројка за конечни 85:82.

 

 

Се вчитува...