Кошаркарите на Реал Мадрид по трите порази во првите три кола, влегоа во победнички ритам и вечерва ја забележаа четвртата победа во низа. Последна жртва на „кралевите“ е Макаби Тел Авив кој во салата „Александар Николиќ“ во Белград е совладан со 99:113.
Израелскиот тим ја доби првата четвртина со 30:23, но потоа работите во свои раце ги презедоа „кралевите“. На пауза заминаа со минимална негатива од 52:51, за во третата четвртина на сцена да стапат Кампацо, Таварес и Луваву-Кабарот кои дадоа 22 од 30-те поени на Реал за водство од осум поени (73:81).
Во последниот период, играчите на Реал Мадрид рутунски ги одработеа десетте минути имаа целосна контрола врз случувањата на паркетот и на крајот славеа со 99:113.
Кампацо со 21 поен беше најпрецизен кај Реал каде се истакнаа и Фелиз со 18 и Луваву-Кабаро и Абалде со по 15 поени. Во редовите на Макаби, најдобар беше Кларк со 20 постигнати поени.
Дубаи славеше со убедливи 107:91 на гостувањето кај Баерн и ја забележа третата победа по ред, а вкупно петта во седумте кола.
Кабенгеле со 24 поени и седум скокови и Окобо со 17 поени и девет асистенции беа најзабележитечни кај Дубаи.
Анадолу Ефес со 89:80 ја доби турската пресметка против Бешикташ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
