Гаштаров си даде автогол, Црвена звезда повторно испушти победа во финишот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена звезда на речиси идентичен начин останаа без победа и во второто коло во Лигата на конференции во дуелот со Копенхаген, а трагичар на дуелот кој се играше на стадионот „Рајко Митиќ“ е македонскиот репрезентативец, Матеј Гаштаров кој си даде гол.

„Црвено-белите“ губеа со 0:1, потоа направија пресврт за 2:1, но во финишот примија гол и останаа без победата.
Резултатот беше отворен со несреќниот гол на Гаштаров во 29-та минута. Автоголот на македонскиот репрезентативец може да го видите ТУКА.

Но, до крајот на првиот дел, Црвена звезда направи пресврт. Прво. Елшник во 34-та минута израмни на 1:1 со одличен шут, а во 41-та минута Костов со еврогол зголеми на 2:1.

Во вториот дел, кога српскиот тим ја имаше контролата прими гол и остана без победата. Каризо во 70-та минута го измрани резултатот.

Убедлив триумф оствари Лугано на гостувањето кај Хетафе. Лугано победи со 2:4 и по две кола има шест бодови. Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски во игра влезе во 75-та минута и ги одигра последните 15-тина минути за швајцарскиот тим.

Сигурен настап имаше Трабзонспор кој со 2:0 го совлада Хартс.

Резултати: Црвена звезда – Копенхаген 2:2, Хетафе – Лугано 2:5, Ибериа – Мјалби 1:1, Ескалдес – Универзитатеа 1:3, Јаблонец – Брајтон 0:0, Кауно Жалгирис – Бран 1:4, Нордсјеланд – ЦСКА Софија 2:2, Пафос – Рига 1:1, Трабзонспор – Хартс 2:0

Се вчитува...