Матеј Гаштаров блеска во дресот на Црвена Звезда во последните месеци, но македонскиот бисер вечерва се најде во фокусот на вниманието од погрешна причина – поради смешниот автогол што си го постигна во првото полувреме од дуелот од Конференциската лига против Копенхаген.
Центаршутот од десната страна делуваше тотално безопасно, но Гаштаров не се снајде најдобро, па наместо да ја расчисти опасноста, успеа само да го лобува сопствениот голман.
Од грешките се учи, особено на млади години и нема сомнеж дека овој „кикс“ ќе го направи македонскиот суперталент уште подобар за во иднина.
Автоголот на Гаштаров на денешниот дуел во Белград можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
