Елмин Растодер продолжува да ги користи сите шанси што му се даваат во Панатинаикос откако македонскиот репрезентативец вечерва постигна уште еден погодок за грчкиот гигант во рамките од Конференциската лига на УЕФА.
ПАО како гостин го совлада Каират со убедливи 1-5, меч во кој последниот погодок беше дело токму на поранешниот голгетер на Тун кој летово му се приклучи на грчкиот фудбалски великан.
Растодер влезе во игра во 56. минута, а нецели 20 минути подоцна одлично се снајде, најпрвин прифати долго додавање од голманот на средината на теренот, а потоа во продолжението на акцијата мајсторски реализираше во шеснаесетникот, сместувајќи ја топката во мрежата на домаќините.
Голот на Растодер за Панатинаикос против Каират можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
