Фудбалската Федерација на Македонија ги одреди судиите за натпреварите од единаесеттото коло во ПМФЛ, вклучувајќи го и големото дерби Шкендија – Вардар што е на програмата в сабота со почеток во 14 часот.
Oдговорноста да биде задолжен за делење на правдата на овој дуел му припадна на Стојанче Трпчевски, кој за асистенти ќе ги има Александар Ѓурковски и Филип Ицковски, додека четврти судија е Александар Василевски. За ВАР-системот ќе бидат задолжени Влатко Илиоски и Борис Трајков.
Колото ќе биде отворено в петок со дуелот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново во Кратово, додека викенд-програмата носи уште четири интересни пресметки.
Шкендија е лидер на прволигашката табела со вкупно 23 бода, додека Вардар заедно со Струга ТЛ е на делба на второто место со по 20 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
