Проблем за Баерн – Луис Дијаз на принудна пауза

Баерн Минхен ремизираше 2-2 против Арсенал, дуел што му даде дополнителни главоболки на тренерот Компани поради повредата што ја заработи Луис Дијаз.

Екс-фудбалерот на Ливерпул не беше „фит“ да биде стартер и влезе во игра во второто полувреме, но издржа само десетина минути пред да седне самиот на теренот и да побара измена. Веднаш стана јасно дека проблемот не е наивен, ризикот не се исплатеше, а деталните прегледи покажаа проблем со мускулот на ногата.

„Станува збор за мало кинење на мускулни влакна на левата препона“, објавија од медицинскиот тим на баварскиот гигант.

Првичните прогнози се дека Дијаз ќе мора да отсуствува меѓу четири и шест седмици од тимот на Баерн, а се очекува во негово отсуство поголема шанса да добива Саибари.

Се вчитува...