„Ми недостига вистинскиот Вини Жуниор“

Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ смета дека Винисиус Жуниор минува низ период во кој му е потребна трпеливост.

Поранешниот играч на Реал Мадрид, кој настапуваше за „кралскиот клуб“ од 1996 до 1999 година, а потоа, од 2006 до 2009 година, ја извршуваше функцијата спортски директор, во емисијата „Ел Ларгеро“ зборуваше за моменталната ситуација на бразилскиот ас.

„Се уште малку ми недостасува вистинскиот Винисиус и убеден сум дека тој повторно ќе биде оној стариот. Треба да му се даде време и не смееме да вршиме преголем притисок врз него“, изјави Мијатовиќ.

Се вчитува...