Гаштаров: Риера ми даде шанса која ја искористив на најдобар начин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров официјално ја продолжи соработката со српскиот гигант Црвена Звезда со важност до 2031 година.

19-годишниот дефанзивен играч за врска се наметна како стандарден првотимец оваа сезона, а одличната форма му донесе долгорочно продолжување на договорот како потврда за огромната доверба од раководството.

Во ексклузивно интервју за српскиот медиум Б92, младиот македонски фудбалер се осврна на својот брз напредок и истакна дека доаѓањето на шпанскиот стратег Алберт Риера имало клучна улога во неговата кариера.

„Кога дојде Риера, многу ми помогна. Ми даде шанса и мислам дека ја искористив. Се трудам на секој тренинг да се докажувам и да учам. Со него научив многу за фудбалот, среќен сум и секојдневно го слушам за да станам уште подобар“, изјави Гаштаров.

Се вчитува...