Лука Дончиќ постигна 23 поени веќе во првото полувреме против Голден Стејт, во меч во кој неговиот настап беше одбележан со жесток физички и вербален конфликт со дебитантот на Вориорс, Јакс Ланденборг.
Младиот кошаркар доби техничка грешка за нешто што го кажа за време на нивните дискусии на паркетот. А, Дончиќ го заврши бурниот дуел во свој стил.
Со звукот на сирената, тој погоди шут од половина терен, со помош на таблата, а потоа со насмевка покажа со прст кон видно лутиот руки, дополнително загревајќи ја тензијата.
LUKA DONCIC NO WAY. 🔥🔥🔥
Has words for Yaxel after. https://t.co/PzGuvHasUx
— Hoop Central (@TheHoopCentral) October 22, 2026
„Имав голема почит кон него… Но, кога бев на теренот со него и од прва рака го видов целото тоа кукање и жалење, ја изгубив целата почит кон него“, рече Ланденборг по дуелот.
Словенечкиот ас го заврши натпреварот со 28 поени (5/12 тројки) со осум скока, седум асистенции, но и шест изгубени топки, а последната четвртина можеше да ја помине на клупата. Тоа беше неговиот прв натпреварувачки натпревар од 2 април.
Yaxel Lendeborg on Luka Doncic:
“I had a lot of respect for him … but being in there first hand, watching all the whining and complaining, I lost all respect for him.”
(🎥 via @anthonyVslater) https://t.co/RZaz0yvGRa
— Underdog NBA (@UnderdogNBA) October 22, 2026
Во меѓувреме, Дончиќ ја презеде улогата на неоспорен лидер на ЛА Лејкерс по заминувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија.
Во победата над Вориорс, тој имаше одлична поддршка во Вокер Кеслер со 26 поени и девет скока и без ниту едно промашување од поле – 12/12, додека Остин Ривс додаде 23 поени.
Ланденборг го заврши својот дебитантски настап со 12 поени, додека Стеф Кари ги предводеше Вориорс со 23 поени (2/7 тројки).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
