Словенија без својата најголема ѕвезда Бенјамин Шешко ќе биде во Скопје на 16 ноември во последниот натпревар од Б-дивизијата во Лигата на нациите оваа сезона.
По бламажата на Манчестер Јунајтед во Италија, и поразот од 4-1 од Комо во ЛШ, синоќа пристигнаа и лоши вести и за словенечкиот репрезентативец.
Познато е дека Шешко е надвор од терените веќе некое време поради повреда што ја заработи кон средината на минатиот месец, и иако се чинеше дека нема да биде долго надвор, ситуацијата се влоши.
Англиските медиуми објавуваат дека закрепнувањето на Шешко не оди според планот и дека тој нема да се врати на теренот наскоро.
Новите информации велат дека Словенецот повторно ќе игра дури на почетокот на 2027 година, што значи дека оваа полусезона е завршена за него.
🚨 Manchester United fear Benjamin Šeško could be sidelined until 2027 due to a shin injury.
The potential long-term absence of the Slovenian striker could force United into the January transfer market to sign an emergency replacement.
(Source: The Sun) https://t.co/YDZmWy5xfN
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 22, 2026
Исто така, се наведува дека Јунајтед веќе бара нов напаѓач што сака да го доведе во јануари поради повредата на Шешек, но и фактот дека дури и пред тоа Словенецот не играше во најдобра форма.
Шешко е во многу тешка ситуација во Манчестер Јунајтед и нема да биде изненадување ако ги спакува куферите и го промени клубот на крајот од сезоната.
Пред мечот со Словенија во Скопје, Македонија претходно на 13 ноември ќе и гостува на Шкотска во Глазгов во Лигата на нациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
