Чупиќ горд: Беше многу важно да покажеме на сите…

Вардар одигра извонреден натпревар и на гостински терен го совлада тимот на Нант, за прв триумф на „црвено-црните“ оваа сезона.

Тренерот Чупиќ пред овој натпревар најави борба за докажување дека местото на Вардар е во самата ракометна елита, нешто што скопските црвено-црни дефинитивно го докажаа со големиот триумф во Нант.

„Имавме четири тешки натпревари што ги загубивме во последните минути со еден или два гола разлика. Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да се израдуваме. Беше многу важно да покажеме дека сме подобри отколку на претходните натпревари“, изјави Чупиќ по натпреварот.

Неговиот ривал на спротивната страна, Грегори Кожан, не го криеше разочарувањето.

„Ова ми е најлошата ноќ што ја имам доживеано во последните пет години, ако не и подоцна.Веќе неколку мечеви се мачиме во ситуации „еден на еден“ со противничките голмани, создаваме простор и шанси, но се е попусто кога не можеме да дадеме гол. Бвме казнети за тоа, ја загубивме самодовербата. Беше навистина тешка, не беше ништо подобри ниту во одбраната, беше премногу неконстантни на двата дела од теренот“, прокоментира стратегот на Нант.

Се вчитува...