Два гола за Узунчев во поразот на Целје од Алборг

Ракометарите на Алборг забележаа нов успех во Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совладаа словенечкиот претставник Целје со 34-30 во натпревар од петтото коло на групната фаза во кое своите први да гола ги постигна младиот македонски ракометар Димитар Узунчев.

Данскиот состав уште од самиот почеток ја оправда фаворитската улога, заминувајќи на пауза со предност од 17-13. Во второто полувреме домаќините диктираа силно темпо и постојано одржуваа безбедна предност од четири до шест голови, не дозволувајќи му на Целје да приреди сензација во финишот. Со овој пораз, словенечкиот клуб останува на дното во групата без освоени бодови.

Димитар Узунчев ги постигна своите први голови во елитното натпреварување. Македонскиот десен бек одигра квалитетни минути и се запиша во стрелците со два гола од три обиди.

Се вчитува...