Милеска го објави списокот на селекцијата до 17 години

Женската фудбалска репрезентација до 17 години ќе биде дел од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Селекцијата на Македонија е дел од четвртата група во Б лигата и на турнирот во Грузија каде покрај домаќинот ќе настапат уште Луксембург и Велс.

Првиот натпревар го играме против Грузија на 25 овој месец, а почетокот е закажан за 16 часот. Три дена подоцна од 14 часот се среќаваме со Луксембург додека на 31. октомври противник ни е Велс, а стартот на мечот е во 13 часот.

Селекторката на репрезентацијата Катерина Милеска за настап на турнирот ќе смета на следниве фудбалерки.

Голманки:
Ања Стојмиловска – ЖФК Кочани
Mагдалена Иломаноска – ЖФК Пелистер
Одбрана:
Maрија Климоска – Brescia Femminile
Лина Мицовска – ЖФК Кочани
Софија Величковскa – ЖФК Речица
Кеила Алиоски -Team AFF-FFV
Eмилија Ивковиќ – ЖФК Скопје
Нина Манасиева – ЖФК Кочани
Стефани Богдановска – BK Hacken
Среден ред:
Тамара Атанасовска – ЖФК Скопје
Ања Каранфиловска – ЖФК Истатов
Христина Јорданова – ЖФК Скопје
Душица Лазареска – ЖФК Цевитана
Софија Велинова – ЖФК Кочани
Напад:
Елена Наумоска – ЖФК Скопје
Јана Милошевска – ЖФК Скопје
Лаила Бала – WFC Luzern
Ана Марија Велевачкоска – ЖФК Цевитана
Лана Спасовска – ЖФК Речица
Глорија Тодорова – ЖФК Скопје

Се вчитува...