Ракометарите на Партизан стигнаа до првиот бод во Лигата на шампионите под водство на Раул Гонзалез откако вечерва одиграа 33-33 против Порто во натпревар од 4. коло од новата сезона во елитата.
Иако гостите од Португалија во текот на целиот меч имаа предност, белграѓани успеаја да стигнат до бод со голот на Aнѓелковиќ на три секунди до крајот на мечот. Никола Црноглавац со осум гола беше прво име кај домаќинот, додека кај гостите Педро Оливеира постигна шест гола.
ППД Загреб стигна до изненадувачка победа над Пари Сен Жермен од 29-28. Веспрем го доби дербито со Фуксе Берлин 39-35, додека Динамо Букурешт славеше над Скандерборг со убедливи 37-23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
