По потресот во грчката кошарка и апсењата, газдата на Панатинаикос се јави со „ремек-дело“ (ФОТО)

Апсењето на актуелниот претседател на кошаркарската федерација на Грција, Вангелис Лиолиос и уште петмина поранешни и активни судии поради поткуп и местење на повеќе од 50 натпревари, го слави сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос.

Јанакопулос и Панатинаикос веднаш по веста за апсењето, се огласија со остро соопштение во кое објавија дека со денешните настани се потврдиле нивните неколкугодишни укажувања и обвинувања дека „не е чиста грчката кошарка“, сега ексцентричниот сопственик на „зелените“ повторно се огласи на социјалните мрежи со „ремек-дело“ креирано од вештачката интелигенција.

Тој објави фотографија на која претседателот на Федерацијата, актуелната судијка Василики Царуха и уште едно лице зад решетки со лисици на рацете (уапсени се Елијас Коромилас, Јоргос Мавраганис, Петрос Папапетру и Анастасиос Пилоидис), а тој им се потсмева.

„Посветено на секој авторитет со рок на траење. Наредната објава ќе биде волшебна и ќе има легендарна порака“, напиша Јанакопулос под фотографијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dimitris giannakopoulos (@dpg7000)

 

 

Се вчитува...