Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, изјави дека на жали што целата кариера ја помина на „Елфилд“ и што ги одби понудите да игра во друга европска лига освен Премиер лигата.
Џерард кариерата ја заврши во 2016 година по 19 сезони поминати во Ливерпул и една во ЛА галакси.
Тој открива дека имало неколку европски гиганти кои сакале да го ангажираат како Реал Мадрид, Интер и Баерн Минхен, но одбил да го напушти Ливерпул.
„Имаше интерес од европски екипи, најчесто тоа беа екипи во кои работеше Жозе Мурињо. Интер и Реал Мадрид во два наврати сакаа да ме ангажираат, а имаше и одредени разговори на мојот агент со Баерн Минхен кога екипата ја напушти Бастијан Швајнштајгер. Не бев премногу заинтересиран бидејќи не сакав да го напуштам Ливерпул. Уживав во фудбалот под водство на Брендан Роџерс. Но, три или четири европски гиганти се распрашуваа за мене и тоа секако ми годи“, открива Џерард.
Тој сепак, признава дека размислува како би изгледало да игра надвор од Премиер лигата во друга европска лига.
„Кога гледате играчи како Џуд Белингам или Хари Кејн како освојуваат трофеи со други европски екипи, нормално е дека ви доаѓаат мисли и се враќате наназад и се запрашувате како би изгледало да играв надвор од Премиер лигата. Сепак, воопшто не жалам за одлуката која ја донесов“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
