Германецот Ханси Флик трета година седи на клупата на Барселона и перфектно се вклопи во фудбалската филозофија која ја негува каталонскиот тим, офанзивен фудбал со многу голови, но забора на една работа, одбраната.
Тоа најдобро се приметува на клучните натпревари во последните две сезони, но и во оваа сезона. „Високата одбрана“ на силните екипи им остава многу простор кои повеќето од нив знаеја како да ја искористат. Меѓу тие екипи е и актуелниот европски шампион, ПСЖ, кој синоќа и го нанесе првиот пораз на Барселона (4:2).
Барселона до дуелот со ПСЖ, победи на сите 11 натпревари и постигна точно 50 голови, неверојатни 4.1 по натпревар.
Елче, Атлетик Билбао, Валенсија или Хетафе не претставуваа опасност за одбраната на Барселона, но синоќа ПСЖ ги разоткри сите мани на каталонскиот тим и неговата игра во одбраната.
Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона на последните 18 натпревари во Лигата на шампионите примила барем по еден гол.
„Не е толку невообичаено за ПСЖ да даде четири голови против било која екипа. Загрижиува тоа што Барселона често во европските натпревари прима голем број на голови, што е неприфатливо доколку сака да се бори за титулата“, пишува „Мундо Депориво“.
Натпреварот на „Паркот на принцевите“ беше седми од вкупно 29 под палката на Флик во ЛШ на кои Барселлона прима три или повеќе голови.
Освен ПСЖ, тоа им успеа и на Бенфика (4:5), Борусија Дортмунд (3:1), Интер (3:3 и 4:3), Бриж (3:3) и Челси (3:0).
На 29-те натпревари под Флик, Барселона прими 50 голови, односно 1.72 по натпревар и на само четири натпревари успеа да ја зачува мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
