Македонскиот репрезентативец, Матеј Гаштаров, потпиша нов договор со српскиот шампион, Црвена звезда.
Одличните игри сезонава со кои се наметна како еден клучните играчи во Црвена звезда, на дуелот со Партизан од страна на навивачите беше прогласен за играч на натпреварот, ја натераа управата веднаш да му понуди нов подобар договор со важност до 2031 година.
„Многу ми значи новиот договор. Многу рабобет за да бидам тука каде што сум сега и ова е остварување на сонот. Се се одвиваше многу брзо, но верувам во напорната работа, ја дочекав вистинската можност да покажам што знам и пресреќен сум за тоа како се одвиваат работите. Новиот договор ќе ми претставува дополнителна мотивација да продолжам да работам, да ги слушам советите и барањата на тренерот за да бидам подобар. На секој тренинг го давам максимумот, добро почнав и планирам во ист ритам да продолжам“, изјави Гаштаров по потпишувањето на новиот договор.
Гаштаров во Црвена звезда пристигна во 2024 година од Вардар, а сезонава за Црвена звезда настапи на 14 натпревари и даде еден гол.
Покрај Гаштаров, нов договор до 2031 година потпиша и дефанзивецот Стефан Гудељ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
