Ќе го гледа Ел Класико од трибини: Дани Олмо еден месец ќе биде надвор од терените

Фудбалерот на Барселона, Дани Олмо, четири недели ќе биде надвор од терените поради повредата која ја заработи на синоќешниот дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Олмо во 27-та минута по еден дуел со играчот на ПСЖ, Витиња, мораше да биде изваден од игра бидејќи се пожали на повреда, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за повреда на бутниот мускул на десната нога.

Ова значи дека Олмо ќе го пропушти најголемото фудбалско дерби, Ел Класико и дуелот со Реал Мадрид кој ќе се игра в недела, како и дуелите против Атлетико Мадрид и Виљареал во Ла Лига, но и натпреварите во Лигата на нации каде Шпанија ќе игра против Чешка и Англија.

Се вчитува...