Скандал: Уапсен претседателот на Грчката кошаркарска федерација

Претседателот на кошаркарската федерација на Грција, Вангелис Лиолиос, е уапсен денеска како дел од како дел од истрага за наводен поткуп и местење на натпревари.

Според порталот ieidiseis.gr, по тримесечна истрага предводена од обвинителот Апостолис Граменос, издадени се налози за апсење на шест лица за кои се сомневаат дека наместиле повеќе од 50 натпревари во грчката кошарка.

Меѓу уапсените шест лица се наоѓа првиот човек на грчката федерација, како и поранешниот кошаркарски судија и член на судиската комисија, Илијас Коромилас. Кај еден од нив се најдени 820.000 евра „во кеш“, со што се подгреваат страстите во спортската јавност, потсетувајќи на редовните поплаки од таборот на Панатинаикос во последните години дека официјалните лице и федерацијата се целосно наклонети на Олимпијакос.

Останатите лица кои се уапсени се судиите Василики Царуха и Петрос Папапетру кој неодамна се пензионираше, поранешниот судија Анастасиос Пилоидис, како и бизнисменот и поранешен кошаркар, Јоргос Мавраганис.

Тие се обвинети за кривични дела поврзани со поткуп. Пред да бидат уапсени, осомничените биле повикани во обвинителството да дадат исказ, но не се појавиле и поради тоа е даден налог за нивно апсење. Осомничените се однесени во седиштето на атинската полиција каде ќе преноќат и утре се очекува да бидат да бидат изведени пред обвинител.

Се вчитува...