Актуелниот европски шампион, ПСЖ, скапо ја плати победата над Барселона од 4:2 во Лигата на шампионите бидејќи го загуби до крајот на сезоната, Хвича Кварацхелија.
Кварацхелија по еден дуел со Чави Еспарт во 59-та минута беше заменет поради повреда, а деталните лекарски прегледи покажаа дека одличниот фудбалер ги скинал лигаментите на десното коло и во наредните денови ќе биде итно опериран. По операцијата го очекува долга пауза, а медиумите тврдат дека за него сезоната е завршена.
Откако ја дозна дијагнозата, Кварацхелија се огласи на социјалните мрежи и се запраша зошто на него му се случи ова, но вети дека ќе се врати наскоро.
„Многу луѓе ме прашуваа за оваа ситуација, многумина рекоа дека, кога сите фудбалери во светот би се молеле, натпреварот би завршил нерешено. Можеби е така, но пред секој натпревар што го играм, се молам на Бог да го напуштам теренот здрав, но залудно. Не помина многу време, а сепак постојано размислувам, зошто токму јас? Никогаш ништо не сум пропуштил, а за овој натпревар веројатно се подготвував подобро од кога било. Мислев дека сум подготвен за сè, но не било така. Сфаќам дека Бог ме одбрал мене и како што на теренот ги штитев другите играчи, така сега сум подготвен да поминам низ овие месеци на напор, болка и солзи. Знам дека морам да се вратам посилен, за луѓето кои секогаш стојат зад мене, нема да ве разочарам, ветувам дека нема да изгубам ниту секунда. Ви благодарам на сите за поддршката, се гледаме наскоро“.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
