ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во Лигата на шампионите. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по натпреварот зборуваше за тешкиот дуел, квалитетот на каталонскиот тим и опасноста од прекумерна самодоверба.
Поранешниот играч и тренер на Барса не ги криеше своите емоции кон својот поранешен клуб, но јасно рече дека неговиот професионален успех сега е на прво место.
Луис Енрике имаше многу причини да биде среќен по победата над Барселона, но шпанскиот стручњак не сака неговиот тим да биде обземен со еуфорија.
„Мечот беше како што очекував – многу тежок и комплициран. Не можете целосно да разберете колку е добра Барселона додека не се соочите со нив на теренот. Беше многу израмнето“, рече Енрике.
Според него, парижаните добро ја контролираа играта во првото полувреме, додека во второто полувреме имаа период во кој беа под притисок.
„Во првото полувреме бевме многу добри, ја контролиравме Барса и ја освоивме топката на нивната половина. Во второто полувреме имавме проблеми десет или петнаесет минути, но успеавме да се вратиме. Повторно поведовме, што ни донесе мир“, објасни тренерот на ПСЖ.
Иако неговиот тим оствари убедлива победа, Енрике ја отфрли идејата дека ПСЖ треба да биде прогласен за најдобар тим во ЛШ.
„Не. Тоа би била првата стапица – да се мисли дека сме најдобри или дека сме посебни на некој начин“, беше јасен шпанскиот стручњак.
Тој особено ја пофали работата на своите напаѓачи, кои учествуваа во висок пресинг и му помогнаа на тимот да го запре развојот на нападите на Барселона.
„Денес направивме добра работа во одбраната. Во првото полувреме бевме подобри во освојувањето на топката на нивната половина, а тоа е заслуга на нашите напаѓачи. Без помош на соиграчите е невозможно да се браниме од играчи како Ламин, Фермин или Олмо“, рече Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
