Одбојкарите на УГД Штип дебитираат во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Одбојкарски клуб “Штип УГД” – Штип вечерва дебитира во ЦЕВ Лигата на шампиониите.

Штипјани ги очекува дуел против холандскиот шампион Орион Старс, во првиот меч од првата рунда од квалификациите во елитното европско клупско натпреварување.

Македонските одбојкари оптимистички го очекуваат овој двомеч иако се свесни дека ги очекува тежок противник кој доаѓа од една од најсилните светски одбојкарски земји.

Натпреварот меѓу Орион Старс и УГД Штип се игра вечерва од 20 часот во салата „Топспортхал“ во Дутинхем, Холандија.

Се вчитува...