ПСЖ потврди: Кварацхелија ги скинал лигаментите во коленото

Квича Кварацхелија најверојатно нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона, огромен удар за ПСЖ по повредата што извонредниот офанзивен фудбалер ја заработи во второто полувреме од мега-пресметката со Барселона.

Веднаш беше очигледно дека повредата на Грузиецот не е нималку наивна, а првичните стравувања дека станува збор за проблем со лигамнтите на коленото беа потврдени утрово, преку официјално клупско соопштение на актуелниот европски првак.

„Квича Кварацхелија заработи руптура на вкрстените лигаменти во десното колено за време на вчерашниот меч со Барселона. Тој ќе биде опериран во следните денови“, потврди ПСЖ.

Што се однесува до Дембеле и Маркињос, „светците“ објавија дека станува збор за повреди на мускулите поради кои ќе следи пауза од по неколку седмици.

Се вчитува...