Ливерпул со фантастичен пресврт се врати од 0-2 против Виљареал и на крајот славеше со 4-3, дуел во кој брилијантен беше Рио Нгумоа. Англискиот тинејџер повторно доби улога на стартер во ЛШ и го покажа сиот свој потенцијал, беше незапирлив за противниците и асистираше при головите на Араухо за 2-2 и на Мекалистер за 3-2, заслужено добивајќи го МВП признанието за дуелот на „Енфилд“.
„Ова дефинитивно е еден од најдобрите натпревари што ги имам одиграно во кариерата. Уживав на теренот, но и соиграчите многу ми помогнаа. Кога и да се најдам во ситуација „еден на еден“, дури и „еден на два“, верувам дека можам да минам. Ќе продолжам со таквиот пристап“, истакна Рио.
Младиот ас на „црвените“ се уште е во преговори со Ливерпул за нов договор, а со синоќешното издание само покажа за каков суперталент станува збор.
„Веќе имам кажано, сега ќе повторам. За мене нема проблем, Ливерпул е најдобриот клуб во светот ако ме прашате мене и дефинитивно сакам да останам. Преговорите се во тек и според она што го знам се движат во позитивна насока“, порача Нгумоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
