Мајкл Карик мора да почне да победува ако сака да остане на кормилото на Манчестер јунајтед, но амбициите сериозно му ги нарушуваат и се почестите повреди во таборот на „црвените ѓаволи“.
Јунајтед по поразот од Атлетико Мадрид вечерва му гостува на Комо во новиот предизвик во Лигата на Шампионите, но Карик има дополнителни проблеми откако четири првотимци отпаднаа од комбинација и воопшто не отпатуваа со тимот за Италија.
Коби Маино и Лук Шо се повреди пред крајот на минатата седмица пред мечот со Лидс, но главоболките на Карик се зголемија откако и Лисандро Мартинез и Маркус Рашфорд се приклучија на листата повредени играчи на која се уште и Шешко, Угарте, Доргу и Де Лихт.
Згора на тоа, Лени Јоро нема да може да настапи вечерва против Комо по црвениот картон заработен минатото коло против Атлетико Мадрид, па јасно е дека Карик ќе мора да ја „крпи“ одбраната за пресметката со тимот на Цеск Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
