Кристијано Роналдо се посрамоти на синоќешниот дуел што неговиот Ал Наср го доби против Неом со 1-0, големиот ас најпрвин не реализираше пенал, а потоа во второто полувреме имаше уште поголемо промашување.
По еден центаршут и повратна топка Кристијано немаше тешка задача од два метри да ја смести во мрeжата, но сите останаа во шок кога неговиот удар заврши високо над голот.
Најразочаран секако беше Роналдо, кој пропушти идеална можност да се приближи до „илјадарката“ што упорно ја брка.
CRISTIANO RONALDO HAS SOMEHOW MISSED THAT?! 🤯 https://t.co/KtsyhcUki4
— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) October 20, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
