Спектакл на стартот на сезоната во НБА, Детроит надомести минус од 22 поени за триумф над Бостон

Новата сезона во НБА-лигата започна со дуелот меѓу Детроит пистонс и Бостон селтикс кој му припадна на тимот од Мичиген до 121:113.

Кошаркарите на Бостон одиграа одлична втора четвртина која ја добија 30:18, а во третиот дел имаа и предност од 22 поени (50:72), но и покрај тоа не успеаја да слават.

Причина за тоа е одличната четврта четвртина во која кошаркарите на Детроит направија серија од 18:0 со која поведоа со 112:99 и предноста успеаја да ја зачуваат до крајот.

Џејлен Дуран и Кејд Канингам постигнаа по 22 поени, 21 даде Данкан Робинсон, а Џавонте Грин 19 за Детроит, додека кај Бостон брилјираше Пол Џорџ со 38 постигнати поени.

Се вчитува...