Кристијано Роналдо не се откажува од желбата да дојде до 1.000 постигнати голови во кариерата, моментно е на бројката од 981 гол, а вечерва пропушти одлична шанса да дојде чекор поблиску до целта.
Имено, Португалецот во последните моменти од првото полувреме од дуелот во саудискиот шампионат меѓу Ал Наср и Неом, промаши пенал. Промашувањето на Роналдо може да го видите ТУКА.
Роналдо го промаши целиот гол, нешто што во минатото многу ретко му се случувало. Ова е вторпат годинава, Роналдо да не реализира удар од белата точка за Ал Наср.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
