Мегапресметката во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Барселона уште во првото полувреме му задава големи главоболки на тренерот на каталонскиот тим, Ханси Флик пред неделното Ел Класико и пресметката со Реал Мадрид.
Имено, во 27-та минута, Флик мораше да направи принудна измена бидејќи се повреди еден од клучните играчи во средниот ред, Дани Олмо.
Флик на местото на Олмо го стави во игра Фермин, а останува да се извршат детални лекарски прегледи за да се види за каква повреда станува збор.
Покрај Олмо, тренерот Флик има проблеми и со одбраната бидејќи не може да смета на Ерик Гарсија, Жил Кунде, како и на Андреас Кристенсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
