Сите му се смеат на Ван Дајк, неверојатно е како му подари гол на Виљареал (ВИДЕО)

Ливерпул во финишот од првото полувреме успеа да се опорави од шокот и двата примени гола и на пауза во дуелот со Виљареал да замине со 2:2, но сите зборуваат за киксот што го направи Вирџил ван Дајк.

Навивачите на Ливерпул уште во четвртата минута доживеаја шок на „Енфилд“, по една нафрлена топка на гостите кон шеснаесетникот на Ливерпул, капитенот Ван Дајк можеше да бира што ќе направи со топката, но тој ја донесе најлошата одлука.

Сакајќи да ја спушти со глава топката до голманот Алисон, лошо го направи тоа и топката дојде до Микаутадзе кој не пропушти ваков подарок. за водство.

Киксот на Ван Дајк и голот на Микаутадзе може да го видите на следниот ЛИНК.

Се вчитува...