Мегапресметката помеѓу двата главни фаворити за титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ и непоразената Барселона, заврши со триумф на европскиот шампион.
На „Паркот на принцевите, ПСЖ во одиграа одличен натпревар со 4:2 ја совлада и и го нанесе првиот пораз на Барселона. Ова беше втор натпревар едноподруго за ПСЖ кој го добива со 4:2 против конкурент за титулата, во претходното коло беше совладан Манчестер сити.
ПСЖ уште првиот свиреж тргна офанзивно, имаше неколку шанси, ја погоди и стативата, но до првиот гол, домашните фанови чекаа до 38-та минута, кога Дезире Дуе го совлада Гарсија. голот на Дуе може да го видите ТУКА.
Барселона се врати во игра на стартот од второто полувреме и тоа со првиот гол во ЛШ за Чави Еспарт. Голот на Еспарт може да го видите ТУКА.
ПСЖ повторно поведе преку Ернандес во 72-та минута. На Барселона и требаа само седум минути да дојде до ново израмнување, овој пат во листата на стрелци се запиша Ламин Јамал.
Витиња во 81-та минута повторно му донесе водство на ПСЖ, а во 87-та минута, триумфот го завери Фабијан Руиз.
Ефикасни натпревари се играа во Англија, каде Манчестер сити со 5:1 го победи АЕК, додека Ливерпул и Виљареал ги искинаа мрежите играјќи 4:3.
„Црвените“ на „Енфилд“ губеа со 0:2 по 29 минути игра благодарение на головите на Микаутадзе кој го искористи киксот на Ван Дајк и на Кардона.
Ливерпул до крајот на првиот дел успеа да израмни на 2:2 со головите на Мекалистер и на Араухо.
Во вториот дел, Мекалистер во 65-та минута му донесе предност на Ливерпул, а само три минути подоцна и Флоријан Вирц се запиша во листата на стрелци. Во финишот, Олуваси погоди за 4:3.
Седум гола, навивачите видоа и на „Диего Марадона“ стадионот каде Наполи со 4:3 го совлада Бодо.
Резултати: Рома – Слован 4:0, Ливерпул – Виљареал 4:3, Манчестер сити – АЕК 5:1, Наполи – Бодо 4:3, Порто – ПСВ 0:1, ПСЖ – Барселона 4:2, Штутгарт – Атлетико Мадрид 1:1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
