Фенербахче во 90-та минута остана без победа во ЛШ, Борусија ги освои бодовите во Азербејџан (ВИДЕО)

Екипата на Славија Прага со гол во 90-та минута се спаси од пораз на гостувањето кај Фенербахче играјќи 2:2. Херој на чешкиот шампион е Павел Качор. кој го постигна голот за израмнување.

По три кола, Фенербахче има два бода освоени на двата меча на кои беше домаќин, додека чешкиот шампион го осво првиот бод.

Фудбалерите на Фенербахче тргнаа фуриозно и уште во четвртата минута, Огуз Ајдин со одличен шут од 20-тина метри го совлада голманот на Славија, Марковиќ. Голот може да го видите ТУКА.

Во 11-та минута веќе беше 2:0 и тоа благодарение на Мејсон Гринвуд кој со удар од 12-тина метри на најдобар начин ја круниса акцијата на Фенербахче. Голот може да го видите ТУКА.

Само четири минути подоцна, Лукаш Провод ја искористи кардиналната грешка на Гендузи кој му „асистираше“ на чешкиот фудбалер. Голот може да го видите на овој ЛИНК.

Борусија Дортмунд ја оствари втората победа во ЛШ откако во Баку со 1:2 славеше над Сабах.

„Милионерите“ поведоа преку Гираси во 10-та минута, а домаќинот до крајот на првиот дел успеа да израмни на 1:1. Голот за Сабах го постигна Меккарти во 39-та минута.

Трите бода за „милионерите“ ги обезбеди Серхи Гираси со својот втор гол, кој го постигна во 53-та минута. Голот вреден три бода за Борусија може да го видите на овој ЛИНК.

Се вчитува...