Новата сезона во НБА-лигата ќе стартува вечерва, а во официјалните ростери на клубовите има вкупно 125 странски кошаркари кои доаѓаат од 43 различни држави. Како што открива НБА-лигата, ова е 13. сезона по ред во која има над 100 странски играчи во ова врвно натпреварување.
Франција е државата со најмногу странци во НБА за 2026/27, и тоа дури 17 кошаркари од оваа европска држава што ќе бидат дел од најсилната лига на светот. Листата очекувано ја предводи Виктор Вембињама, фантастичниот центар кој е квократен олстар и актуелен добитник за најдобар дефанзивец во лигата.
Канада е следната на листата со 16 кошаркари во НБА-лигата а зад оваа држава следат Австралија со девет, Германија со 7, Нигерија и Србија со по шест…
Сите 30 НБА клубови имаат најмалку по еден странски играч во тимот, а најбројни се во Далас, Мајами и во Вашингтон, со по седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
