УЕФА го казни Башкими – забрана за трансфери

Македонскиот прволигаш Башкими се најде на листата санкционирани клубови од страна на УЕФА, откако кумановкиот клуб доби забрана за трансфери поради неисполнетите финансиски обврски од минатиот период.

Како што може да се забележи на официјалната веб-страница, станува збор за санкција што официјално е изречена на 19 октомври, а се однесува на наредните три преодни рокови.

Ова практично значи дека Башкими нема да може да купува нови фудбалери се до јуни 2028 година, што сигурно ќе претставува сериозен удар врз шансите на овој тим во борбата за опстанок.

Башкими моментно е претпоследен на табелата во ПМФЛ, со само седум освоени бода по првите десет одиграни рунди во елитното друштво.

Оваа санкција може да биде повлечена откако македонскиот клуб ќе ги исплати побарувањата за кои е казнет, а не е објавено за кој доверител конкретно станува збор.

Се вчитува...