Почнува НБА-лудилото, ова се најзвучните летни трансфери

Се е подготвено за почетоккот на новата НБА-сезона закажан за вечерва. НБА-лудилото ќе стартува со низа интересни дуели како најава за спектаклот што ќе можеме да го следиме по терените ширум САД (и Канада) во наредните месеци.

Добро познато е, Њујорк никс ќе ја има улогата на бранител на трофејот, а предизвикувачи има навистина многу, особено по неколкуте мега-трансфери кои ја прераспределија „моќта“ на тимовите.

Американските медиуми во пресрет на новата сезона ги избраа и петте најзвучни трансфери на кошаркарскиот пазар во САД во изминатите месеци…

Петтото место му  припаѓа на Вокер Кеслер, одличниот центар кој на барање на Лука Дончиќ беше доведен во ЛА Лејкерс. Лука беше во потрага по висок кошаркар како неопходен дел од мозаикот за да се направи тим со шампионски амбиции од ЛА Лејкерс, а изборот падна токму врз Кеслер, кој доаѓа од редовите на Јута џез.

Ламело Бо се наоѓа на четвртата позиција, младиот ас беше разочаран по катастрофалната сезона на Шарлот, а за следна дестинација го избра тимот на Минесота тимбрвулвс. Минесота во своите редови веќе го има Ентони Едвардс, кој сега надополнет со Бол ќе има за задача конечно да го крене тимот во плејофот и Минесота да се вмеша во трката за највисок пласман.

Леброн Џејмс е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, но фактот дека е на залезот на кариерата придонесе тој да е само треторангиран. „Кралот“ се почувствува недоволно почитуван во ЛА Лејкерс и летово ги напушти „езерџиите“, беше поврзуван со неколку клубови и на крајот изненади многумина со одлуката – Филаделфија да биде негова (по)следна станица во блескавата кариера. Целта е јасна – да се биде дел од тим со кој Леброн би освоил уште една титула пред и официјално да каже збогум на кошарката.

За соиграч ќе го има Џејлен Браун, уште еден „суперстар“ на НБА-лигата кој во Филаделфија пристигна летово, и тоа од редовите на Бостон селтикс. Џејлен е поранешен МВП на финалето на НБА и нема сомнеж дека заедно со Леброн, како и со Џоел Ембид ќе биде клучните адути на овој тим во атакот на големиот трофеј.

Врвот на ова рангирање е резервиран за Јанис Адетокумбо, грчкиот „ѕвер“ кој по две години незадоволство конечно го напушти Милвоки, клуб за кој настапуваше уште од 2013 година.

Мајами хит е клубот што излезе како победник од жешката трка по грчкиот репрезентативец, кој не крие дека се надева на повторување на успехот со Милвоки, титула и уште едно МВП признание.

Се вчитува...