Што се случува: ТФТ со само шест играчи на мегдан во Тузла

ТФТ вечерва гостува на Слобода Тузла на својот премиерен натпревар од АБА2 лигата сезонава, дуел на кој македонскиот тим сосема неочекувано излезе на мегдан со само шест кошаркари во ростерот, без ниту еден странец во тимот на Боро Смилковски.

Од таборот на ТФТ во пресрет на гостувањето во Тузла најавуваа борба за победа, дури и доведоа ново странско засилување токму за АБА2 лигата, Отас Ијекекполор, но денеска покрај стартната петорка на клупата во арената во Тузла може да се забележи само еден резеервен кошаркар.

Американските засилувања се во салаата, но седат на трибините во опрема на ТФТ, па се очекува по натпреварот да стане јасно зошто македонскиот тим, кој лани беше вицешампион на АБА2 лига, се појави во ваков состав на отворањето на новата сезона.

Во една ваква ситуација сосема очекува македонскиот тим веќе по првото полувремее има огромна негатива од 54-26.

Се вчитува...