Комо по првите две рунди од Лигата на Шампионите има три бода (триумф над Лајпциг и пораз од Феенорд во Ротердам), а следен предизвик за италијанскиот претставник е домашниот дуел со Манчестер јунајтед закажан за утревечер.
Цеск Фабрегас има порака до своите фудбалери и до навивачите на Комо, да уживаат во овој спектакл за кој не можеа ни да сонуваат до пред неколку сезони.
„Играме со одличен тим. Само помислете, некој пред три години да ни кажеше дека Манчестер јунајтед ќе дојде да игра на нашиот стадион во Лигата на Шампионите. Беше нереално во тој период, но сега ќе се случи токму тоа, ова е исполнување на сонот за сите во Комо. И секако, ќе сториме се за да се прикажеме во најдобро можно светло и да ја искористиме оваа можност“, изјави шпанскиот стратег кој е најзаслужен за извонредните резултати на овој клуб.
„Уживаме во секој предизвик во Лигата на шампионите, но не криеме дека Серија А е нашиот приоритет. Затоа што сакаме секоја година да бидеме дел од ЛШ, а тоа можеме да го оствариме преку домашното првенство“, додаде Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
