„Никогаш повеќе за Германија!“ – Поради тетоважа го избришаа од репрезентацијата!

Керем Демирбај, поранешен германски репрезентативец, тврди дека тетоважата со картата на Турција влијаела врз него никогаш повеќе да не добие повик во германската репрезентацијата.

Фудбалерот од средниот ред, кој денес игра за Касимпаша, признава дека отсекогаш сакал да игра за Турција и дека сè уште жали што ја избрал Германија. Демирбај одигра само два натпревари за германската репрезентација, двата во 2017 година, а играше и на Купот на конфедерации во Русија.

На натпреварот против Камерун, тој постигна гол во победата од 3-1, но тврди дека токму тој натпревар го променил текот на неговата репрезентативна кариера.

„Сакав да играм за Турција. Преговаравме со асоцијацијата година и пол, но поради одредени работи за кои не можам да зборувам, морав да ја изберам Германија“, рече Демирбај.

Фудбалерот, роден во германскиот град Хертен, има тетоважа на која е прикажана картата на Турција, земјата на потекло на неговите родители. Тој верува дека таа предизвикала негативни реакции по натпреварот против Камерун.

„Тоа ја промени ситуацијата, вклучително и во медиумите. Како може играч да игра за Германија, а да има тетоважа на мапа од друга земја? После тоа, никогаш повеќе не ме поканија“, тврди Демирбај.

Сепак, неговото објаснување не е потврдено, а конкуренцијата во средниот ред на Германија пред Светското првенство во 2018 година беше исклучително силна. Тони Крос, Илкај Гиндоган, Леон Горецка и Сами Кедира се бореа за место во тимот.

Сепак, Демирбај не крие како се чувствува во врска со националниот идентитет.

„Мојата крв е турска. Мојот татко е Турчин, мојата мајка е Турчинка – јас сум Турчин. Најголема жал до крајот на животот ќе ми биде тоа што никогаш не го носев дресот на турската репрезентација“, рече поранешниот германски репрезентативец.

Се вчитува...