Легендарниот Тоти се сети на Михајловиќ: „Некогаш чувствувам како да е тука до мене“ (ВИДЕО)

Легендарниот Франческо Тоти ја промовираше својата автобиографија насловена „Горе“ и во таа пригода зборуваше за многу теми, луѓе и настани за време на престојот во Рома.

Поранешниот италијански репрезентативец вели дека не го замислувал животот по кариерата на овој начин.

„На некој начин, јас сум мртов. Моето заминување од Рома беше принуден момент, принудно збогување. Збогување што не го сакав и не можев да го доживеам на вистински начин. Знаев дека ќе се случи порано или подоцна, бидејќи сè има почеток и крај. Но, за мене беше болно, сосема различно од она што го замислував“, рече Тоти.

Тој не го заборави својот ривал, но и својот голем пријател Синиша Михајловиќ, кој почина во 2022 година.

„Понекогаш се чувствувам како да е сè уште тука, до мене“, рече Тоти.

Емоциите го совладаа кога зборуваш и за својот покоен татко.

„Би платил со суво злато за повторно да го имам покрај мене, само за да му кажам колку го сакам“, вели „Принцот од Рим“.

Тоти одигра 786 официјални натпревари за Рома, постигна 306 гола и запиша 197 асистенции.

Се вчитува...