Нигериец приреди скандал во Турција: Тешко омаловажување на Влаховиќ (ФОТО)

Скандалозен потег на нигерискиот фудбалер Ибуике Нваивуа по победата на Трабзонспор над Бешикташ од 2-0 во турскиот шампионат.

По големата битка на терен со српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, реши да го провоцира Србинот па на своите профили на социјалните мрежи објави контроверзна фотографија генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На монтираната слика беше прикажано како Влаховиќ клечи и му ги чисти копачките на ѕвездата на Трабзонспор, Мохамед Салах.

„Кој ми ја зема работата?“, напиша Нваивуа покрај фотографијата.

Но, по реакциите од јавноста но и директна интервенција на челниците на Трабзонспор,набрзо фотографијата беше избришана.

Се вчитува...