Вистински шок за ракометното семејство на Е. Пелистер по веста за ненадејната смрт на поранешниот ракометар на битолчани, Рати Мскхвалидзе.
Грузицот Мскхвалидзе играше за „пелистерци“ во сезоната 2017/18. По крајот на играчката кариера имаше значајна улога во грузискиот ракомет, со до вчерашното неочекувано заминување од овој свет на само 40 години.
„Нашето големо ракометно семејство вчера прими непријатна и тажна вест. Ненадејно и прерано почина поранешниот ракометар на Работник, Рати Мсхквалидзе. Рати во Битола престојуваше во сезоната 2017/18 а веста за неговата смрт ја примивме од Ракометната федерација на Грузија од каде кажаа дека имал значаен придонес во развојот на грузискиот ракомет, и по завршувањето на играчката кариера продолжил да работи како тренер на помладите генерации. Упатуваме длабоко сочувство до семејството“ – се збогуваа со својот поранешен ракометар и од Е. Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
