Лејкерс се откажаа од својот драфт-избор поради синот на Леброн

Лос Анџелес Лејкерс го отпуштија Далтон Кнехт, со што конечно го решија проблемот со вишокот играчи кои имаат загарантирани договори, пред почетокот на новата НБА сезона. Лејкерс го започнаа тренинг-кампот со 16 играчи кои имаат стандардни, загарантирани договори  еден повеќе од максимално дозволениот број.

Меѓу најлогичните кандидати за заминување беа Кнехт, Џејден Харди и Брони Џејмс, а одлуката на крајот падна на играчот кој беше избран во првата рунда на драфтот. Со тоа, Харди и Брони си обезбедија место во тимот за почетокот на сезоната.

За време на кампот, Лејкерс се обидоа да најдат можност за размена (трејд) на Кнехт, но според извори од лигата, не постоеше сериозен интерес за него. Кнехт беше избран во првата рунда на драфтот во 2024 година, а во еден момент се чинеше дека тој би можел да биде едно од најголемите изненадувања на таа генерација.

Се вчитува...